20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Буфон ќе се врати во дресот на Јувентус

Џанлуиџи Буфон официјално уште не одлучил каде ќе брани следната сезона. Легендарниот чувар на мрежата има 41 година, но не планира да оди во пензија, туку да бара нов клуб, откако реши да не остане во Пари Сен Жермен. Голманот се споменуваше како можен нов чувар на Парма, на Порто, па дури и на англиски Лидс.

Сепак, според најновите најави од Италија, се очекува Буфон да се врати во Јувентус. Џиџи беше во гигантот од Торино дури 17 години, а минатото лето си замина, за да игра во Пари Сен Жермен. Сепак, по една сезона во тимот од Париз, Буфон реши да си замине од „Паркот на принцовите“.

Најавите се дека Буфон ќе биде резервен голман на Јувентус, а по завршување на сезоната треба да добие директорска функција. ВО досегашната играчка кариера, Буфон бранеше на 656 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести