Буфон: Мислевме дека ќе освоиме 9, сега е прашање дали ќе освоиме и 4 бода!

В понеделник од 21 часот во Лајпциг Хрватска и Италија ќе играат клучен меч за второто место во групата во која лидер е Шпанија, а теоретски, актуелниот европски првак може и да испадне и да остане без место во осминафиналето.

По победата против Албанија во првото коло, Италија загуби од Шпанија, а директорот на Аѕурите, Џиџи Буфон, рече дека се непријатно изненадени од играта на нивниот тим.

„Против Шпанија добивме информации што не ги очекувавме. Мислевме дека сме на високо ниво, но Шпанија ни покажа дека тоа не е баш така. Ни ги отворија очите. По Албанија мислевме дека можеме да ги освоиме сите девет бода во групата. Згрешивме, сега прашање е дали вредиме и четири бода. Бевме доволно добри за да ги направиме Албанците тим кој изгледа како да доаѓаат од понизок ранг, а против Шпанија некој можеше да го мисли истото за нас“, изјави некогашниот славен голман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести