Некогашниот англиски првак Лидс покажал интерес да го доведе во своите редови легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон. Според неколку англиски и италијански медиуми, англискиот тим кој игра во втората лига би сакале на својот гол да го видат 41-годишниот Буфон.
Италијанскиот чувар на мрежата е слободен играч, откако реши да не го продолжи договорот со Пари Сен Жермен. Популарниот Џиџи стана првак на Франција со ПСЖ, но не сакаше да остане уште една сезона. За Буфон се интересираат и неговиот некогашен клуб Парма, потоа Аталанта, бразилскиот Флуминезе и Порто.
Доколку реши да дојде во Лидс, Буфон ќе биде соиграч со македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, кој ги брани боите на Лидс. Алиоски со Лидс во минатата сезона за малку не успеаа да се пласираат во Премиер лигата и сигурно во новата сезона тоа ќе им биде главна цел.