36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Буфон предизвика лудило во Торино (Видео)

Легендарнот италијански голман Џанлуиџи Буфон повторно е во Торино и повторно ќе го носи дресот на Јувентус. Еден од најдобрите голмани на сите времиња, ги има лекарските прегледи пред да може и официјално да биде претставен за нов играч на италијанскиот првак.

https://twitter.com/juventusfc/status/1146715705427075072

За Буфон ова всушност ќе биде враќање во Јувентус. Тоа е клубот во кој популарниот Џиџи помина 17 сезони, пред да реши лани да си замине. Буфон потпиша за ПСЖ со надеж дека ќе може во овој клуб да стигне до титулата во Лигата на шампионите, единствената која му недостасува со Јувентус.

Сепак, по дебаклот на ПСЖ во елитната лига на УЕФА, Буфон реши да го прекине договорот и да се врати во Торино. Јувентус создава тим токму за освојување на Лигата на шампионите.

Навивачите на Јувентус денеска со воодушевување го дочекаа враќањето на Буфон, од кого лани се разделија со солзи во очите. Едноставно, голманот е дел од клубот, а тоа го покажуваат и фановите по нивните реакции.

 

https://twitter.com/juventusfc/status/1146676361043546112

https://twitter.com/juventusfc/status/1146675001095049218

- Оглас -

Најнови вести