20.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Буфон со Парма сонува враќање во Серија А

2806 Рандерс – Архус (19 ч.)

Неверојатна е традицијата на овие две екипи која вели дека на 14 од последните 17 меѓусебни дуели на крајот имало од 2-3 погодоци. Рандерс има четири порази по ред, а Архус е во борба за третото место кое носи излез во Европа.

Архус на гости има седум победи и две нерешени во 15 средби, а сега мора да атакува на бодови.

Предлог тип: Х2&2-3 (2.60)

 

5619 Замалек – Ел Гаиш (19 ч.)

Замалек нема шанси да се бори за титулата во Египет, но ова е тим кој посебно кога игра на домашен терен, секогаш атакува на победа. Ел Гаиш е на претпоследното место и речиси сигурно ќе испадне.

Малку е чудно, но на последните четири меѓусебни дуели, секогаш победувал гостинот, но сега е време оваа низа да биде прекината.

Предлог тип: 1 (1.81)

 

3012 Калјари – Парма (20:30 ч.)

Ова е прв меч од полуфиналето во плејофот за влез во Серија А каде што секој гол е злато вреден. Двете екипи се во добра форма. Калјари има пет победи по ред, а Парма е со шест триумфи и две нерешени во последните осум дуели.

Со оглед на тоа дека има и реванш, може да се очекува меч со повеќе калкулации и малку погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.99)

 

1640 Венло – Алмере (20 ч.)

Ова е меч од плејофот за влез во елитното друштво во Холандија. Во регуларниот дел од сезоната, Алмере освои 70 бода, додека Венло заврши со 58 бода. Сепак, ова е плејоф и секој ќе сака да ја искористи својата можност.

Традицијата вели дека Венло е голем фаворит затоа што во последните 17 меѓусебни дуели имаат дури 14 победи и само три нерешени. Алмере нема победа над Венло од јануари 2006 година.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)

 

1953 Анкарагучу – Галатасарај (19 ч.)

Галатасарај се подготвува за шампионска титула и секако дека атакува на триумф на ова гостување. Анкарагучу е сигурен дека нема да испадне, но факт е дека на последните два дуела кога играше дома против турскиот гигант, тимот од Анкара победуваше.

Ако се знае дека Галатасарај треба да нападне, а домаќините ќе играат без голем притисок, тоа треба да е најава за погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

- Оглас -

Најнови вести