Џанлуиџи Буфон утре претпладне ќе оди на лекарски тестови и ако ги мине, што би требало да биде само формалност, ќе се упати во клупските простории на Јувентус за да потпише едногодишен договор со Старата дама вреден 1,5 милиони евра.
Легендарниот 41-годишен Џиџи, минатата сезона го бранеше голот на ПСЖ, но се враќа во клубот каде што беше неприкосновен повеќе од една и пол деценија.
Разликата е што сега Буфон нема да биде прв голман, туку ќе му биде резерва на Војќех Шченсни, но тој ќе треба да придонесе за подобра атмосфера во тимот и да не дозволи Кристијано Роналдо да претера со однесувањето како главна ѕвезда.