15.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Бугарија останува без селекторот Илиев

Фудбалската федерација на Бугарија се раздели со селекторот Илиан Илиев. Искусниот 57-годишен стратег денес имал средба со претседателот Георги Иванов, по која е донесена одлука двете страни да се разделат по взаемен договор. Тоа е трет селектор на европска селекција кој заминува од кормилото на почетокот на септември.

Илиев ја презеде репрезентацијата на 1 ноември 2023 година, паралелно водејќи го и клубот Черно Море. Во 18 натпревари како селектор на бугарскиот национален тим, тој забележа три победи, девет ремија и шест порази.


Под негово водство, Бугарија ги започна квалификациите за Мундијалот 2026 со два тешки порази, 0-3 од Шпанија во Софија и исто така 0-3 од Грузија во Тбилиси.

Според бугарските медиуми, најсериозен кандидат за наследник на Илиев е Димитар Димитров – Херо, кој моментално е без клуб, а последно го предводеше Спартак Варна.

- Оглас -

Најнови вести