Барселона се спаси од брука на гостувањето кај тимот од третата лига (Видео)

Многу потешко од очекувањата, Барселона се пласира во осминафиналето на Купот на Шпанија откако со 2:0 славеше на гостувањето кај Гвадалахара. Ова требаше да биде лесна задача за каталонскиот гигант, посебно ако се знае дека Гвадалахара е тим кој е во зоната за испаѓање во третата лига на Шпанија, но на теренот не беше толку лесно.

Барселона во стартниот тим беше со ѕвездите Јамал, Фермин, Рашфорд, Де Јонг, а на голот беше Тер Штеген, но по првото полувреме немаше голови. Гвадалахара, која првпат игра против Барселона и за нив ова беше историски меч, одолеваше на нападите на фаворитот до 77-мата минута.

Беше изведен корнер за Барселона, Де Јонг центрираше, а Кристенсен со глава успеа да ја затресе мрежата на домаќините и конечно да биде срушен отпорот на третолигашкиот тим. Овој погодок на Кристенсен може да го видите ТУКА.

Пред да биде постигнат тој гол, во игра за Барселона влегоа и Кубарси, Балде, Кунде и Педри. Во финишот на средбата, односно во 90-тата минута Рашфорд погоди за 2:0 и победа на фаворитот.

- Оглас -

Најнови вести