Бугарите ја обвинија УЕФА со навредливи тонови: Многу им попуштате на Северномакедонците

Бугарските медиуми речиси оркестрирано и со многу политички примеси притискаат натпреварот од второто коло во квалификациите за Конференциската лига меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија, закажан за 21. јули од 17 часот да не се игра на комплексот “Петар Милошевски“ на ФФМ.

Првиот меч се игра во Скопје, а на бугарските медиуми им пречат неколку работи. Прво, според нив капацитетот на трибините со 1.152 места не одоговара на стандардите на УЕФА, бидејќи за меч од второ квалификациско коло во еврокуповите треба да има најмалку 1.500 места.

Има дури и обвинувања дека УЕФА премногу им попушта на како што со политичка провокација пишуваат на Северномакедонците.

„Не знаеме како Северномакедонците успеаја да издејствуваат кај УЕФА да се игра на овој стадион. Нема доволен капацитет за меч од второ коло во еврокуповите, па очигледно е дека УЕФА замижа“, пишуваат новинарите на бугарски „Спортал“.

Од ЦСКА се жалат дека добиле премал број на влезници за нивните навивачи, односно само 60, или 5 посто од вкупниот капацитет и побараа процентот двојно да се зголеми.

Претходно им пречеше и терминот во кој ќе се игра мечот во Скопје, од 17 часот на 21. јули, бидејќи ќе било премногу жешко.

Дури почнаа да го мерат игралиштето според димензии, а бугарски „Труд“ побара УЕФА да го премести натпреварот и тој да се игра во Ниш.

„Во Скопје на теренот на фудбалската федерација на Македонија не може да се игра натптреварот. Па тоа е помошен терен на репрезентацијата. Кај нив има десеттина терени со поголем капацитет. Можеби е време УЕФА да ја смени одлуката и да се игра во Ниш, кој е блиску и за двете екипи“, бараат новинарите на „Труд“.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести