На Бугарите им пречи и терминот на гостувањето на ЦСКА кај Лавовите во Скопје

УЕФА ги одреди сатниците за двата меча од квалификациите во Конференциската лига, а во бугарските медиуми се пишува за непријатна вест околу терминот во кој Македонија Ѓорче Петров ќе ја пречека софиска ЦСКА.

Тој дуел треба да се игра на 21 јули на теренот на ФФМ, „Петар Милошевски“ во Скопје, со почеток во 17 часот. Бугарите се жалат дека во тој дневен термин температурата може да биде пеколно висока.

Реваншот на стадионот „Бугарска армија“ е на 28 јули од 19 часот по македонско време.

- Оглас -

Најнови вести