Бугарите се лутат за исвиркувањето на химната и навредите, се јави и Бојко Борисов

Гласното исвиркување на бугарската химна и скандирањата „Бугари татари“, „Бугарски пи.ки“ и „Цигани“ се во центарот на вниманието во бугарските медиуми од почетокот на мечот Македонија – Бугарија.

Бугарските медиуми пишуваат дека на првиот меч во Разград немало таков однос кон македонската химна, а утеха им е што трибините на „Тодор Проески“ не се исполнети како што се најавуваше. Се најавуваа и се очекуваа над 20.000 фанови, но бројката на присутни на трибините е видливо помала од таа.

На Фејсбук се јави и екс премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

„Како Бугарин и фудбалски фан, категорично го осудувам исвиркувањето на бугарската химна на почетокот на мечот Бугарија – РСМ. За жал, со вакви дејствија, нашите соседи од Република Северна Македонија не покажуваат дека ги разбираат европските вредности“, напиша меѓу другото Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести