Актуелниот освојувач на пехарот во македонскиот куп, ТФТ Скопје, претрпе прв пораз по серијата од 8 победи, а денеска како гости подобри беа кошаркарите на Балкан од Бугарија.
Во меч од втората фаза по групи во БИБЛ-лигата, Балкан победи убедливо со 97:82 и го остави ТФТ Скопје на дното на табелата без ниту еден триумф.
Првиот период најави голема битка, а го добија гостите со 25:23, а клучните 10 минути беа во втората четвртина.
Гостите од Бугарија доминираа и направија голема разлика. Ја добија четвртината со 31:19 и на полувреме замина со предност од 56:42.
Кошаркарите на ТФТ Скопје се обидоа да направат пресврт, стигнаа до негатива од само пет поени, 67:72 во финишот на третиот период, но немаа сили за комплетен пресврт.
Балкан брзо ја врати двоцифрената разлика во последната четвртина и победи убедливо со 15 поени разлика.
ТФТ остана последен во групата Д на три кола до крајот на втората фаза, а првите три екипи ќе играат во нокаут-фазата.