Баер Леверкузен го победи Лајпциг со 3-2 во дербито на првото коло на германската Бундеслига. Со триумфот над освојувачот на Суперкупот, Фармацевтите потврдија дека и сезонава ќе се борат за висок пласман.
Најубедлив беше Штутгарт кој со 5-0 го разби Бохум, новиот прволигаш Хајденхајм беше поразен од Волфсбург со 0-2, а спектакл имаше во Аугсбург каде домашните ремизираа 4-4 со Борусија Менхенгладбах, во меч на кој на полувреме резултатот беше 3-3. Гостинска победа извојува само Фрајбург кај Хофенхајм.
Ова е голот на Вирц со кој Баер поведе против Црвените бикови со 3-1:
https://twitter.com/i/status/1692912828150112381