Бундеслигашкиот хит следното лето се сели во Ливерпул?

Репрезентативецот на Египет, Омар Мармуш, следното лето ќе се пресели во Ливерпул, барем така тврдат германските медиуми. Бундеслигашкиот хит иако имаше неколку опции на маса, сепак ќе се одлучи за тимот од „Енфилд“, а веројатно во одлуката големо влијание имал и Мохамед Салах.

Ајнтрахт Франкфурт за својот фудбалер би добил околу 40 милиони евра, колку што е и вредноста на фудбалерот, но сигурно дека ќе има и дополнителни бонуси. Египетскиот фудбалер бил и голем желба на Арне Слот, новиот тренер на Ливерпул, кој има 15 победи на 17 натпревари на клупата на Црвените, а желбата најверојатно ќе му се оствари налето.

- Оглас -

Најнови вести