Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џад Белингам, е прогласен за најкорисен играч во Бундеслигата за сезоната 2022/2023.
Англичанецот најверојатно наскоро ќе се пресели во Реал Мадрид, а од Бундеслигата си заминува како МВП, што е плус за него лично и мала утеха по загубената титула на Борусија.
Да биде тагата поголема кај него, Белингам поради повреда не можеше да му помогне на својот тим во последното коло против Мајнц. Да не беше Белингам, Борусија не би добила шанса да дојде на еден гол од титулата, но ништо од тоа не е важно кога викендов ја испуштија златната шанса да го симнат Баерн од тронот.
https://twitter.com/i/status/1663096877493911555