Бунт во Баерн: Играчите сакаат да бидат донесени засилувања

Баерн Минхен ја загуби првата битка во Германија, откако со 2:0 беше поразен во Суперкупот од Борусија Дортмунд. На тој меч се виде дека во најтрофејниот германски клуб недостасуваат искусни играчи во офанзивниот дел кои ќе бидат креатори на опасни напади.

По завршување на минатата сезона од Баерн си заминаа легендарните Франк Рибери и Аријан Робен, а не е доведен ниту еден играч. Се очекува на „Алијанц Арена“  да пристигне Лерој Сане од Манчестер сити, но според голгетерот Роберт Левандовски тоа нема да биде доволно.

„Потребни ни се уште играчи. Дури и да пристигне Сане, мораме да имаме уште крилни напаѓачи. Останавме без тројца играчи кои беа офанзивци, а нема доведено ниту еден како замена. Имаме премалку искусни фудбалери. Во сезоната играме 50 меча. Румениге и Хенес добро знаат за што зборувам. Сакам повторно да имаме екипа која ќе се бори за Лигата на шампиони. Тоа е мојата лична цел. Минатата сезона беше катастрофална, а јас сакам да ја повториме 2013 година“, рече голгетерот на Баерн, Левандовски.

 

- Оглас -

Најнови вести