Не поминаа два месеца откако Жозе Мурињо беше назначен за тренер на Тотенхем, а веќе има сериозни проблеми на релација менаџер-играчи. Лондонскиот тим е во лоша серија и освои само два бода во последните четири меча, а фудбалерите вината ја посочиле кон Мурињо.
Според пишувањата во Англија, играчите се жалат дека португалскиот стратег користи застарени и досадни методи за време на тренинзите. Играчите не се задоволни од форсирањето на Мурињо да играат со долги топки и сега жалат што си замина Маурисио Покетино.
Во конфликт со Мурињо веќе јавно влегоа Дени Роуз и Ндомбеле. Роуз беше изоставен од тимот на последните два меча, а сега се зборува дека може да биде даден и на позајмица во Њукасл.
Тотенхем вечерва има шанса да ја прекине низата од четири меча без победа бидејќи на свој терен го пречекуваат последнопласираниот тим на Норвич.