Израмнувачкиот гол за Барселона на последниот натпревар против Реал Сосиедад дојде по грешка на судијата, за која подоцна самиот призна, објави баскискиот клуб.
Во 43-тата минута, Жул Кунде постигна гол за 1-1 по корнерот од левата страна. Сепак, се покажува дека всушност корнерот не требало да биде доделен бидејќи последен со топката играл дефанзивецот на домаќините, Роналд Араухо.
El empate del Barcelona nace en una jugada que no es córner.
— (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) September 28, 2025
Una tras otra, esta Liga es una absoluta vergüenza 🤢 pic.twitter.com/Jak9H3QTyd
Судијата Алехандро Ернандес Ернандес подоцна сфатил дека направил грешка откако ја погледнал повторената снимка.
„Се пожаливме и разговаравме со судијата. Тој ја призна својата грешка“, изјави голманот на Реал Сосиедад, Алекс Ремиро.
Во овој случај ВАР не се вмешува бидејќи технологијата не се користи за корнери. Интересно е што голманот на баскискиот тим ја поддржува идејата дека системот не треба да се користи во такви ситуации.
„И јас мислам дека не би требало да се користи ВАР за корнери бидејќи тоа веќе би било премногу. Ние се справивме лошо во конкретната ситуација во одбраната и сами сме виновни“, додаде Ремиро.
Подоцна на натпреварот Барселона постигна втор гол и победи со 2-1, со што го презеде водството на табелата во Ла Лига.