Бурак Јилмаз: Кејлор Навас не е најдобар голман во Франција

Изборот на Кејлор Навас од ПСЖ за најдобар голман во француската Лига 1 не го прифатија баш најдобро во редовите на Лил. Унијата на професионални фудбалери во Франција го избра Кејлор, но турскиот голгетер Бурак Јилмаз, кој ќе биде најзаслужен ако Лил стане првак, преку социјалните мрежи испрати негодување.

„Жалам, но тој е најдобар“, напиша Јилмаз и објави негова фотографија со голманот на Лил, Мајк Маињан.

Маињан е голман со најмалку примени голови, а има и најмногу мечеви без примен гол.

- Оглас -

Најнови вести