Помина повеќе од една деценија откако Барселона последен пат стана европски првак. Сезонава Каталонците се елиминирани од Атлетико Мадрид, а разочараниот Френки де Јонг потенцира дека неговиот тим немал доволно среќа, но не заборави да го потенцира и моментот од првиот натпревар кога играчите на Барселона сметаа дека треба да добијат пенал по играњето со рака, кога Атлетико требаше да изведе по еден гол-аут.
„Мислам дека одигравме добар натпревар. Дадовме сѐ од себе, се обидовме апсолутно сѐ. Чувствувам дека среќата едноставно не беше на наша страна. Мора да продолжиме напред затоа што сезоната уште не е завршена. Имаше многу чудни одлуки, посебно на првиот меч. Моментот кога играчот на Атлетико ја фати топката со раце во својот шеснаесетник го смени текот на овој двомеч“, изјави Де Јонг по синоќешната елиминација на Барселона во четвртфиналето од ЛШ.

