Бускетс немаше милост, го повреди Елмас

Елиф Елмас беше стартер и одигра 58 минути во дуелот против Барселона, на првиот од двата контролни меча во САД. Македонскиот репрезентативец кој неодамна го засили Наполи и за сума од 19 милиони евра дојде од Фенербахче, одигра значајна улога на стадионот во Мајами.

Додека беше на теренот, Елмас одлично се движеше во одбраната и во нападот. На средината на теренот успеа да им парира на ѕвездите на Барселона, Иван Ракитиќ и Серхио Бускетс.

Елмас на теренот беше до 58 минута, кога врз него беше направен остар старт. Сакајќи да прими една топка во својата половина, директно на него налета Бускетс и го фаулираше.

Нашиот репрезентативец остана да се жали на повреда на зглобот на левата нога, па тренерот Карло Анчелоти реши веднаш да го извади од игра, а на негово место во игра влезе Џанлука Гаетано. Со поткривнување на левата нога, Елмас го напушти теренот, но повредата не би требало да е сериозна.

 

- Оглас -

Најнови вести