-1.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Чаби Алонсо: „Чоло ја премина границата на спортскиот дух“

Реал Мадрид успеа да дојде до финалето во шпанскиот Супер куп и да закаже Ел Класико против Барселона. „Кралевите“ рано го отворија резултатот против градскиот ривал, а потоа знаеја како да ја сочуваат предноста.

„Целта беше да стигнем до финалето. Се одигра многу неизвесно полуфинале. Натпреварот од самиот почеток се развиваше многу добро за нас. Тимот се бореше и знаеше како да дојде до победата. При резултат 2:1 екипата се стабилизираше и добро се одбрани. Многу го посакував овој гол. Неколку пати беше блиску до него и сега конечно се случи. Го заслужи. Овој почеток ни даде предност. Моравме да се браниме. Измените влегоа добро и среќни сме што ќе можеме да играме во финалето во недела. Раниот гол влијаеше на текот на натпреварот. Идејата беше да знаеме како да го толкуваме тоа што треба да го правиме во секој момент. Најважно е што го добивме натпреварот и сме во финалето.“ – рече тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

Тој се осврна и на инцидентот помеѓу Симеоне и Винисиус, кога тренерот на Атлетико нешто му дофрли на фудбалерот на Реал.

„Овој момент не ми се допадна. Чоло му кажа нешто, а ваквите работи ја преминуваат границата на спортскиот дух што треба да го имаме кон колегите. Не ми се допаѓа кога вака им се обраќаат на противниците. Не е сè дозволено. Разговарав со Винисиус и тоа останува меѓу нас.“ – додаде Алонсо.

Финалето на шпанскиот Супер куп помеѓу Барселона и Реал Мадрид се игра в недела со почеток во 20 часот.

- Оглас -

Најнови вести