Чаби Алонсо изненадувачки брзо би можел да се врати во тренерски ритам, со оглед дека е прв фаворит за менаџерската позиција во Тотенхем, откако неодамна доби отказ во Реал Мадрид.
Алонсо на почетокот на сезоната одлучи да го преземе кормилото на Реал Мадрид, оставајќи ја претходно екипата на Баер Леверкузен.
Со тоа, тој го замени Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, кој пак стана нов селектор на Бразил.
Сепак, притисокот врз Алонсо многу брзо се зголеми и по 34 натпревари на кормилото на клубот, тој доби отказ. Ден по поразот во шпанскиот Суперкуп од Барселона, Реал официјално објави дека Алонсо повеќе не е тренер на тимот.
Алваро Арбелоа беше именуван за нов тренер на Реал Мадрид, а Чаби Алонсо е во потрага по нов клуб кој ќе го води.
Според информации од Англија, се чини дека Алонсо нема да остане долго без работа. Тој е прв фаворит за тренерското место во Тотенхем, каде што се очекува Томас Франк да добие отказ многу брзо.
Во игра за таа позиција се и Марко Силва од Фулам, како и Енцо Мареска, кој неодамна доби отказ во Челзи. Дополнително, се споменува и Маурисио Покетино, кој имаше можност да работи во Тотенхем, а во моментов е селектор на САД.
Во Реал Мадрид, Алонсо имаше процент на победи од 70.59%, славејќи на 24 од 34 натпревари, додека шест ги загуби.
Тотенхем во моментов е 14-ти на табелата во Премиер лигата, со осум порази од 21 одигран натпревар.

