Чаби Алонсо го пофали стрелецот Гонзало Гарсија: „Тој има инстинкти на вистински голгетер“

Чаби Алонсо изрази задоволство од победата на Реал Мадрид над Јувентус со 1-0, која го однесе „кралскиот клуб“ во четвртфиналето на Светското клупско првенство.

„Задоволни сме од резултатот, од играта и од пласманот во следната рунда. Првите 15 минути беа тешки, ни требаше време да го најдеме вистинскиот ритам. Им реков на играчите да ја преземат контролата на средината и да ги користат просторите по крилата, каде што можевме да му направиме проблеми на Јувентус“, изјави Алонсо.

Тренерот на „кралскиот клуб“ упати пофалби за Гонзало Гарсија, стрелецот на победничкиот гол.

„Гонзало е извонреден. Има инстинкти на вистински голгетер. Треба да му се оддаде признание, беше на вистинското место во вистинско време.“

На крајот, Алонсо се осврна и на Килијан Мбапе.

„Мбапе не беше целосно подготвен, но ќе има време да влезе во форма. Тој е многу важен играч за нас“, додаде стратегот на Реал.

- Оглас -

Најнови вести