10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Чаби Алонсо го пофали Вирц: Поради него ја добив работата во Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е полн со пофалби за својот поранешен играч, Флоријан Вирц, кој во Ливерпул сè уште не успева да ја повтори формата од претходните две сезони кога настапуваше за Баер Леверкузен. Во сезоната 2023/24, Баер ја освои двојната круна под водство на Алонсо, а до титулата во Бундеслигата стигна без ниту еден пораз.

Вирц во таа сезона забележа 18 гола и 20 асистенции во сите натпреварувања и беше прогласен за најдобар фудбалер во Бундеслигата. Германскиот репрезентативец во последните две сезони во Баер запиша 34 гола и 35 асистенции.

Летово тој премина во Ливерпул, а новиот клуб за него плати 125 милиони евра отштета. За англискиот првак во 14 натпревари има три асистенции, но сè уште нема постигнат гол.

„Преминот во Ливерпул е голема промена за него и му е потребно време да се адаптира. Тој е посебен играч, со квалитет, карактер и голема конкурентност. Веројатно токму поради него добив работа во Реал и многу сум му благодарен“, изјави тренерот на Реал пред вечерашното гостување кај Ливерпул во Лигата на шампионите.

Алонсо добро знае за што зборува бидејќи како играч пет години настапуваше за Ливерпул, играјќи 210 натпревари за Црвените.

- Оглас -

Најнови вести