Фудбалерите на Баер Леверкузен продолжуваат со одличните игри сезонава и сигурно чекорат кон шампионската титула во Бундеслигата.
Фармацевтите денеска со 0:2 славеа на гостувањето кај Келн и предноста на лидерската позиција пред Баерн Минхен ја направија двоцифрена.
По 24 кола, фудбалерите на Чаби Алонсо се лидери со 64 бода и се единствени од петте најсилни лиги во Европа кои сè уште немаат пораз во домашниот шампионат, додека Баерн има 54 бода, но има два порази и едно реми во последните четири меча и се чини дека го губи чекорот.
Победата на Баер ја најави Џереми Фримпонг во 38-та минута кога го отвори резултатот.
Сите дилеми околу победникот беа решени во 73-тата минута кога Грималдо го постави конечниот резултат.