До крајот на Бундеслигата остануваат уште само четири кола, а Баерн Минхен има осум бода предност пред актуелниот шампион Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ на последните два првенствени натпревари одиграа нерешено и му дозволија на ривалот да се одлепи.
„Секако дека борбата се уште не е готова, но нашите шанси се навистина минимални. Првенството го решија големиот број наши нерешени средби оваа сезона. Кога се поразите во прашање, имаме само два, исто колку и Баерн. Сепак, не потонавме и не се предадовме, сакаме да ги победиме сите натпревари до крајот.“ – вели тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.
„Фармацевтите“ веќе испаднаа и од Купот на Германија, каде беа елиминирани од третолигашот Арминија, а го завршија и настапот на европска сцена.