Чаби Алонсо оптимист: „Баерн Минхен е најдобрата екипа, но во фудбалот не секогаш победува подобриот“

Баер Леверкузен и Баерн Минхен пред 20-тина дена одиграа без голови, 0-0, во меч од Бундес лигата, а во среда навечер ги очекува меч од осминафиналето на Лигата на шампионите на „Алијанц арената“.

Тренерот на актуелниот шампион на Германија, Чаби Алонсо, е оптимист пред мечот, иако вели дека играат против најдобрата екипа од нивното првенство.

„Добро се познаваме и неодамна игравме. Мора да се обидеме да се справиме со лошите моменти кои понекогаш ги имаме. Ова е Баерн. Тие се најдобрата екипа во Германија, но во фудбалот не секогаш победува најдобриот. Знаеме дека Лигата на шампионите и Бундес лигата се сосема различни натпреварувања. Лигата на шампионите е малку поемотивна. Емоционалната контрола е најважна, бидејќи за пет лоши минути може да бидете елиминирани.“ – рече Чаби Алонсо на официјалната прес-конференција пред мечот против Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести