Некогашниот шпански фудбалер Чаби Алонсо ќе продолжи да работи како тренер во Баер Леверкузен. Алонсо имаше блескава играчка кариера и речиси една и пол деценија беше на врвно ниво играјќи за гиганти како Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Лани во октомври Алонсо беше назначен за тренер на Баер Леверкузен, кога потпиша договор до јуни 2024 година. Челниците на Фармацевтите беа задоволни од работата на Алонсо, па затоа денеска му го продолжија договорот за уште две сезони, односно до јуни 2026 година.
Xabi Alonso signs new long term deal as Bayer Leverkusen head coach — it will be valid until June 2026 🔴⚫️🇪🇸 pic.twitter.com/K7hK7LaBCX
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 4, 2023