Легендата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, имал јасна желба да ја заврши својата кариера во дресот на Кралевите и бил подготвен да прифати дури и значителни финансиски компромиси, објави „Ел Мундо“.
Новиот тренер на мадридскиот тим, Чаби Алонсо, ја поддржувал идејата Модриќ да остане во клубот, но бил свесен дека конечната одлука не зависи од него.
Клупското раководство, од друга страна, се насочило кон подмладување на средниот ред, со цел водечка улога да им даде на Аурелиен Чуамени, Едуардо Камавинга, Федерико Валверде и Арда Ѓулер.
Поради тоа, Модриќ го напушти Реал ова лето и како слободен агент потпиша со Милан, каде што и натаму на 40-годишна возраст ја покажува својата класа.
Сепак, во клубот постојат мислења дека присуството на хрватскиот ас, како на теренот, така и надвор од него, би било од огромно значење за одржување на балансот и подобрување на атмосферата во сегашните разбудени страсти во соблекувалната на Реал Мадрид.

