Лука Зидан на голот, Марез во нападот, Алжир против Судан покажа сила

Селекцијата на Алжир успешно го стартуваше Африканскиот куп на нациите откако го совлада Судан со убедливи 3-0. Со тоа покажа и дека е еден од фаворитите за највисок пласман на овој турнир.

Со Лука Зидан, синот на легендарниот Зинедин Зидан, на голот и со Ријад Марез во навалната линија Алжирците беа доминантни во секој поглед.

Марез го доведе Алжир во водство во втората минута, а Судан пред крајот на првиот дел остана со играч помалку поради исклучувањето на Салахелдин Алхасан.

Во 61-вата минута Марез постигна втор погодок и ја усвои предноста, а до крајот погоди и Ибрахим Маза за конечни 3-0.

- Оглас -

Најнови вести