Баер Леверкузен продолжува со фантастичните игри на стартот од сезоната во по шест кола се наоѓа на лидерското место на табелата во Бундеслигата. Фармацевтите по шест меча имаат пет победи и едно реми од дуелот со шампионот Баерн, за вкупно 16 бода.
Последна жртва на Баер е Мајнц кој е совладан на гости и тоа со убедливи 3:0, со што тренерот Чаби Алонсо сè повеќе се наметнува за наследник на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.
Ван де Берг во 18-та минута си постигна автогол и му донесе предност на Баер, кој пак во второто полувреме со головите на Грималдо во 59-та и Хофман во 65-та минута, дојде до убедлив триумф. Автоголот на Ван де Берг може да го видите ТУКА, , а головите на Грималдо и на Хофман може да ги видите на овој ЛИНК и на овој ЛИНК.
Одлично игра и Штутгарт кој со 0:2 славеше на гостувањето кај Келн и тоа благодарение на головите на Ундав во 68-та и во 88-та минута.
Волфсбург во дерби пресметката со Ајнтрахт, славеше со 2:0 и тоа со головите на Винд.
Изненадубање приреди Хеиденхајм кој со 1:0 го совлада Унион Берлин.