34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Чаби Алонсо со едно големо изненадување во почетниот состав на Реал

Познат е составот со кој Реал Мадрид ќе го започне вечерашниот дуел со саудискиот Ал-Хилал од Светското клупско првенство, а новиот тренер Чаби Алонсо веднаш покажа дека е поразличен од Карло Анчелоти и му даде шанса во првите 11 на Гонзало Гарсија.

Килијан Мбапе се разболе вчера и не може да игра, Ендрик е повреден, па единствен напаѓач во тимот на Реал е Гонзало. Се очекуваше Реал да тргне со 4-4-2 (во најава беше дека стартер може да биде Арда Ѓулер), но Алонсо изненади и на терен испраќа формација 4-3-3, со Винисиус, Родриго и Гонзало во нападот. Стартери се и летните принови Трент Александер-Арнолд и Дин Хаусен.

Очигледно Алонсо сака класични напаѓачи кои знаат да играат со глава, а таков е младиот Гонзало и немаше проблем да го уфрли меѓу стартерите, нешто што немаше шанса да се случи со екстренерот Карло Анчелоти, дури и кога Мбапе и Ендрик не би биле достапни како денеска.

- Оглас -

Најнови вести