25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Чаирчани не се сеќааваат кога го победиле Вардар на гости

Вардар го пречекува Шкупи во мечот кој треба да биде најпривлечен во петото коло од Прва македонска лига. Актуелниот првак Вардар е во комплетно изменет состав од минатата сезона, па затоа по четири одиграни меча има само четири бода и е во зоната за испаѓање.

За разлика од Црвено-црните, Шкупи е со три победи и реми, па со евентуален триумф на Арената „Тодор Проески“, чаирчани ќе се искачат на лидерската позиција, каде сега е Шкендија со 11 бодови. Мотив за гостите ќе биде и фактот дека Вардар сезонава на двата меча што ги одигра како домаќин, два пати загуби и тоа без да дадени ниту еден гол.

Сепак кога се работи за дуелите Вардар – Шкупи, гостите речиси и да не знаат како е да се победи на стадионот во Градски парк. Според статистиката од последните 17 години, Шкупи ниту еднаш не го победил Вардар како гостин, но сега е фаворит за освојување на трите бода.

Во останатите три меча кои се играат денеска од 16 часот Борец е домаќин на Академија Пандев, Пелистер ја пречекува Македонија Ѓорче Петров, а играат и Ренова – Работнички.

 

- Оглас -

Најнови вести