Саудискиот Ал-Хилал го доведе и третото звучно засилување во летниот преоден рок, по Калиду Кулибали од Челзи и Рубен Невеш од Вулверхемптон, го договорија и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Србинот го напушта Лацио, добил одлична понуда од клубот (годишна плата од 20 милиони евра), во кој нов тренер е Португалецот Жорж Жесус. Лацио ќе добие 40 милиони евра, а тригодишниот договор ќе биде потпишан утре, откако Сергеј ќе ги мине лекарските тестови.
Ал-Хилал е најтрофеен саудиски клуб, во 2021 година ја освои и Лигата на шампионите на Азија, а лани беш финалист во тоа натпреварување.