Едисон Кавани ќе го засили Атлетико Мадрид, а шпанските медиуми најавуваат дека трансферот може да биде реализиран вечерва.
Кавани не игра за ПСЖ и е во сенка на триото Мбапе, Нејмар, Икарди и одлучи да си замине од редовите на францускиот првак.
За него имаше интерес од неколку европски гиганти, но најконкретен е Атлетико Мадрид. Агентот на уругвајскиот репрезентативец веќе е на преговори во Мадрид со управата на Атлетико и се очекува работата да биде завршена и Кавани да се пресели на „Ванда Метрополитано“.
Понудата на Атлетико е 10 милиони евра, а во прилог на популарните Јорганџии им оди и податокот што Кавани ќе биде слободен играч ова лето, па ПСЖ нема многу избор.