Чави допрва ќе мете во Барселона, на продажба е играчот што е проценет на 45 милиони евра и дојде пред само шест месеци

Чави Ернандес не е задоволен од настапите на Мемфис Депај, па веројатно ќе дојде до разделба меѓу Барселона и Холанѓанецот по само една година.

Депај дојде лани летото во Барселона како слободен играч и од него се очекуваше да биде големо засилување.

Тогаш имаше и чист пат и скромна конкуренција во офанзивниот дел на Барселона, но според Чави не го искористил за да се наметне.

Сега е многу поинаку со доаѓањето на Феран Торес, Адама Траоре и Пјер-Емерик Обамејанг, па Депај не е во прв план.

Сега е и повреден, а според веста што ја објави каталонски „Спорт“ играчот што е проценет на 45 милиони евра на трансфер пазарот веројатно ќе се врати во Лион.

Оттаму летоска дојде во Барселона, а објавено е дека Лавовите од Жерлан пак го сакаат назад во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести