Чави интервенираше: Барса го комплетира фантастичниот трансфер за беспари

Изминативе денови се шпекулираше, а од пред неколку моменти веќе сè е јасно.

Франк Кеси од наредното лето ќе биде нов играч на каталонскиот великан, тоа е веќе добро познато од периодов, а денеска во Лугано, Швајцарија тој ги комплетира медицинските прегледи.

Тој ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона, а потписот е ставен на четири години. За да се осигури при реализацијата на овој трансфер, дури и тренерот на Барса, Чави, лично му се јавил на Кеси.

„Чави му се јави пред неколку денови за да му го покаже проектот на Кеси, за тој да одбие многу поголеми понуди од Премиер лигата“, напиша добро упатениот новинар за трансфери, Фабрицио Романо.

Кеси има 25 години, а во екипата на Милан е од 2019 година и во моментов има одиграно 95 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести