Барселона заврши уште една одлична работа, бесплатно добива играч на Милан

Според шпанските и италијанските медиуми, Барселона од следната сезона ќе биде посилна за Франк Кеси. Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска ќе дојде како слободен играч затоа што актуелниот договор со Милан му истекува на крајот од сезоната.

Кеси првично беше цел на ПСЖ, но Барселона успеа да избие во преден план, па оваа „кражба“ на Каталонците може да се смета како одмазда за тоа што минатото лето Светците од Париз го доведоа Вајналдум иако првично тој требаше да се пресели на „Камп ноу“.

Кеси ќе потпише петгодишен договор со Барселона според кој ќе заработува по 6,5 милиони евра по сезона. Освен играчот за врска на Милан, во Барселона во летниот преоден рок бесплатно ќе пристигнат и Андреас Кристијансен и Нусир Мазрауи од Ајакс. Се чека и потврда дека нов голман на Барселона следната сезона ќе биде и Сесар Аспиликуета.

- Оглас -

Најнови вести