Чави ја поправа грешката и враќа уште една ѕвезда која што претходно ја напушти Барселона

Со доаѓањето на Чави, Барселона сврте нова страница во клупската историја, и се надева дека работите ќе тргнат на подобро.

Каталонскиот гигант, веќе неколку години е блед на европската сцена, а оваа сезона се соочува и со голема криза.

Сепак, враќањето на Чави се чини како прав потег, иако пред него има доста работа.

Според информациите од Шпанија, Барса сака да го врати својот поранешен играч, Тијаго Алкантара во своите редови.

Актуелниот член на Ливерпул не игра на нивото кое што се бара од него, па затоа и голема е веројатноста за остварување на овој трансфер.

Алкантара од Барселона замина во Баерн Минхен, по иницијатива на Пеп Гвардиола кој тогаш беше тренер на германскиот гигант, и таму прерасна во еден од лидерите на тимот.

Алкантара, за првиот тим на Барселона одигра 68 натпревари, каде што постигна седум погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести