Чави Ернандес се наоѓа меѓу главните кандидати за тренерската позиција во Ал-Итихад.
Само неколку часа по потврдата дека Лоран Блан го напушти клубот, се појавија информации дека потенцијалниот наследник би можел да биде токму Чави.
Откако ја заврши сезоната 2023/24 без ангажман, по заминувањето од Барселона, Чави изјави дека ќе одмори и ќе ја чека вистинската понуда во Европа. Во јавноста се спомeнуваше како потенцијален кандидат за клубови од Премиер лигата, па дури и за Милан, но ниту еден од овие клубови не направи конкретен потег.
Сега Ал-Итихад е во игра, а азиските територии не се непознати за Чави. Тој токму таму ја започна својата тренерска кариера, во катарскиот Ал Сад, пред да се врати во Барселона есента 2021 година.
Ал-Итихад има шампионски амбиции во Саудиска Арабија, по четири одиграни кола има девет бодови, а сезоната сѐ уште е на почетокот.