Чави: Левандовски е скромен победник

Барселона со победата од 3-0 на жешко гостување како тоа кај Севилја, покажа дека е тим кој е многу силен, а Роберт Левандовски со петтиот гол во четири настапи во лигата, се наметнува како фаворит за прв стрелец и има одличен дебитантски старт.

Тренерот Чави беше задоволен од виденото, но потсети дека сезоната уште е на почеток и рано е да се извлекуваат заклучоци.

„Не само поради голот што го даде, туку Роберт одлично ја контролира топката, помага во притисокот врз противниците. Фантастичен е. Тој е скромен победник, одлично е што го имаме“ – изјави Чави.

Инаку, пет или повеќе голови на првите четири меча во Ла Лига, пред Левандовски имаат давано само Кристијано Роналдо и Радамел Фалкао.

- Оглас -

Најнови вести