1.8 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Чави на импресивен начин го надмина рекордот на Зидан

Барселона славеше на гостувањето кај Мајорка минимално со 1:0, во меч на кој тренерот на каталонскиот гигант, Чави Ернандес постави рекорд во шпанското првенство. Чави стана првиот тренер кој нанижал 18 првенствени дуели без пораз на гостински терен откако бил поставен за стратег на еден тим.

Со овие 18 меча, Чави го надмина рекордот на Зинедин Зидан кој во 2016 година имаше 17 гостински дуели без пораз со Реал Мадрид. Зидан имаше 13 победи и четири реми, пред да капитулира, додека Чави сега е со 13 победи и пет нерешени на гостински терен и неговата низа уште трае.

- Оглас -

Најнови вести