39.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Чави откри каква ќе биде иднината на Осман Дембеле

Барселона го победи Реал Мадрид во контролен дуел кој се одигра во САД со 3-0. Првиот погодок беше дело на Осман Дембеле, фудбалерот за кого се шпекулира дека својата кариера ќе ја продолжи во ПСЖ.

Тренерот на “каталонците“ Чави Ернандес после натпреварот доби прашање и за иднината на фудбалерот кој во Барселона пристигна за 145 милиони евра од Борусија Дортмунд, а сега вреди 60 милиони евра.

– “Ќе видиме, никогаш не се знае што ќе се случи во преодниот рок. Мислам дека Осман е среќен во Барселона. Кога би имало некакви проблеми, сигурно би ми кажал. Сега за сега е тука.“ – рече Чави.

Дембеле во Барселона пристигна пред шест години, но не ги оправда средствата кои беа вложени во него. Се шпекулира дека ПСЖ ќе ја активира неговата откупна клаузула која изнесува 50 милиони евра и ќе го доведе во Париз една година пред истекот на неговиот договор.

 

- Оглас -

Најнови вести