31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Чави Пасквал во „клубот 200“

Тренерот на Панатинаикос, Чави Пасквал, со вчерашниот триумф над Гран Канарија влезе во ексклузивен клуб на тренери кои забележале 200 победи во Евролигата. Пасквал е само третиот тренер во историјата на овој шампионат на кого му успеало да триумфира на 200 средби, само Жељко Обрадовиќ (275) и Еторе Месина (224) имаат повеќе победи од него.

Шпанскиот стратег како предводник на Барселона забележа 160 триумфи во девет сезони, додека со Панатинаикос по две сезони и три меча во оваа сезона, оствари учинок од 40 победи. Брои вкупно 80 порази, што му дава процентуална успешност од 71.4%.

Пасквал беше назначен за тренер на првиот тим на Барса во сезоната 2007/08, по отказот на Душко Ивановиќ, а секоја од сите девет сезони како предводник на „каталонците“ успевал да го однесе тимот во плеј-офот. Барса под негова палка играше пет пати на фајнл-фор завршницата, а во сезоната 2009/10, ја освоија европската титула, додека Пасквал ја доби наградата за најдобар тренер таа година.

- Оглас -

Најнови вести