Чави преговара со клуб од Премиер лигата

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандес, се подготвува за враќање на работа, а негова следна дестинација треба да биде Англија. Новинарот Матео Морето, кој важи за близок до Чави, откри дека Шпанецот преговара со клуб од Премиер лигата.

Засега не се откриваат детали за кој тим станува збор, но наскоро се очекува договор меѓу двете страни, по што Чави ќе се соочи со нов предизвик во својата кариера.

Чави претходно беше тренер на Ал-Сад од 2019 до 2021 година, а потоа три години ја водеше Барселона.

- Оглас -

Најнови вести