Чави се жалеше дека Арсенал играл како да е финале на ЛШ, Артета одби да му се извини

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, по поразот од 3-5 од Арсенал во контролен меч одигран рано утрово во Лос Анџелес, му се пожалил на менаџерот на Топчиите, Микел Артета, дека играле со висок интензитет како да е финале на Лигата на шампионите, а не пријателски дуел во подготвителен период.

„За нас ова беше прва контрола, особено што игравме по проблемите со стомачни вируси, а тие како да играа финале на ЛШ. Мечот беше добар за гледачите и шоуто, но не толку добар за нас тренерите. Изненаден сум од интензитетот во играта на Арсенал, а ние бевме многу нежни во одбрана. Сепак, испробувавме некои варијанти и од тоа сум задоволен“, рече Чави.

Од друга страна, Артета ги бранеше своите играчи.

„Фудбалот им припаѓа на фудбалерите, тие не секогаш прават како што ќе им каже тренерот. Играа пред 70.000 луѓе, сакаа да победат, имаат натпреварувачки дух. По првиот фаул на мечот, се заборава дека е пријателски меч“ рече Артета.

- Оглас -

Најнови вести