Чави: Сите видоа што се случи во Мадрид, а што се однесува до титулата, ќе биде многу тешко да ја одбраниме

Не стивнуваат реакциите по скандалозниот меч кој се одигра во Мадрид, а на кој Реал со 3:2 ја победи Алмерија, и тоа со пресврт во второто полувреме. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, тврди дека сите одлуки на судиите биле прецизни и точни, додека од спротивната страна, од гостинскиот тим има жестоки реакции и веруваат дека имало голема неправда.

Со свое видување се јави и тренерот на Барселона, Чави Ернандес. Стратегот на каталонскиот гигант вели дека целосно се согласува со мислењето на тренерот на Алмерија.

„Сите видоа што се случуваше во Мадрид. Не би сакал да зборувам затоа што ако го кажам тоа што го мислам, ќе бидам казнет. Сам ќе кажам дека целосно се согласувам со тоа што го кажа тренерот на Алмерија, но ако јавно зборувме, жестоко ќе бидеме казнети. Уште по првото коло против Хетафе реков дека постојат работи кои не може да ги контролираме. Дефинитивно ќе биде многу тешко да ја одбраниме титулата во првенството“, рече Чави околу целата прашина што се крена за делењето на правдата на синоќешниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести