Во Алмерија се бесни: „Некој одлучи дека не смееме да го победиме Реал“

Голема прашина во светската фудбалска јавност крена мечот помеѓу Реал Мадрид и Алмерија, кој им припадна на Кралевите со 3-2 откако гостите имаа водство од 0-2 на полувремето, а во вториот дел им беше поништен и гол за водство од 1-3.

„Си одиме со чувството дека победата ни е украдена. Пеналот за Реал, нивниот гол со рака, нашиот поништен погодок за нормална борба за топка… Сакаме да бидеме најдобрата лига во светот, но светлосни години сме од тоа. Тешко ми е да кажам и лут сум, но нема начин да го прифатам ова“, вели фудбалерот на Алмерија, Гонзало Мелеро.

Уште покритичен е неговиот соиграч Марк Пабил, кој смета дека се ограбени.

„Екипата одигра одличен натпревар, имавме водство и верувам дека некој одлучи дека денес не смееме да победиме. Натпреварот заврши како што заврши“, вели Пабил.

Од друга страна, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смета дека судиските одлуки биле во ред и нема ништо спорно во нивната победа.

„Ги разбирам протестите на Алмерија. Беа тоа одлуки кои беа проверени од ВАР, а судијата донесе одлуки за кои мислам дека беа јасни. Секој има свое мислење. Тие одиграа одличен натпревар, но ако ги погледнеме трите одлуки, тогаш ќе видиме дека сите се исправни“, рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести