Чави Ернандес денеска и официјално потпиша спогодбен раскин на договорот со Барселона.
Каталонските медиуми откриваат дека Чави денеска покажал каков господин е – тој одлучил да се откаже од платата која му следува за следната сезона, со што му заштеди на клубот помеѓу 11 и 12 милиони евра.
Но, единствен услов за тоа е останатите луѓе од неговиот стручен штаб да бидат исплатени до крајот на договор, односно до идното лето, а сумата која Барселона треба да ја издвои е околу три милиони евра.
Чави исто така одбил да одржи проштална прес-конференција или да има било каква било церемонија, тој сакал да си замине тивко.